Александар Новаковски ќе ја води работната група за реформи во изборното законодавство

Во Министерството за правда е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик.

Како што соопштија од Министерството за правда, претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

„Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес“, пишува во соопштението од Министерството за правда.

Инаку, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не делегираше член во работната група за реформи во изборното законодавство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот