Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Александар Љафтов е нов одбојкар на унгарскиот МАВ Елоре

Членот на најдобрата македонска одбојкарска репрезентација, Александар Љафтов се одлучи за промена на клупската средина на полусезоната.

После една полусезона помината во Кувајт, од почетокот на оваа година нашиот примач се врати на европската сцена.

Љафтов е ново засилување на унгарскиот одбојкарски клуб МАВ Елоре, кој еден од главните кандидати за шампионската титула во националното првенство.

Ова е секако од големо значење во пресрет на обврските со националниот тим пред настапот на Европското првенство што ќе се одржи годинава од 9 до 26 септември во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Претходно нашата селекција ќе има и натпревари во рамките од Европската лига 2026, а првиот турнир е од 5 до 7 јуни кога противници ќе ни бидат Холандија и Луксембург.

Нов предизвик за капитенот: Никола Ѓорѓиев за првпат ќе игра во Чешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот