Алекса, Николина и ќерката Вера Балашевиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Алекса Балашевиќ

​​ФОТО | Алекса Балашевиќ покажа како ќерка му ужива на мотор вреден 23.000 евра

Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, сподели со своите следбеници на Инстаграм низа топли семејни моменти кои веднаш привлекоа големо внимание на јавноста, пишува српски „Телеграф“.

Во центарот на објавата се најде неговата четиригодишна ќерка Вера, која, судејќи според фотографиите, целосно уживала во времето поминато со својот татко.

Нивниот однос разнежни многумина, но еден детаљ особено покрена лавина од коментари.

Малечката Вера позирала седејќи на луксузен мотор, чија вредност се проценува на 23.000 евра. Оваа необична сцена предизвикала воодушевување, но и љубопитност кај следбениците, кои не можеле да останат рамнодушни кон спојот од детска радост и моќна машина.

 

Девојчето очигледно било воодушевено од моторот, а гордиот татко не можел да одолее да не го сними тој момент и да го сподели со јавноста.

– Дали може да направам круг околу „Славија“? – напишал Алекса.

Инаку, Алекса Балашевиќ неодамна откри дека неговата сопруга Николина е во седмиот месец од бременоста, а во таа прилика сподели и емотивна порака за проширувањето на семејството.

– Некои личности до крајот на животот се само личности, а некои доживуваат да станат нечиј завет. Завет без кој ниту Стариот ниту Новиот завет не вредат. Благодарение на оваа личност на фотографијата, мојата лоза продолжува – јас повеќе не сум Омега. За околу два месеца ни пристигнува син. Братот на Вера кого долго го чекавме. Колку среќа може да има некој како мене, Бог да му испрати уште еден ангел со твоите гени… Би разбрал да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе – мирисот на небото. Со тебе, со вас… Што би рекол некој, мојот најголем, некој наш најдобар, исто така од небото – јас повеќе не сум в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, а за неколку месеци мандатот ќе му го предадам на наследникот – напишал тој.

Алекса исто така истакнал колку неговата сопруга му го променила животот, опишувајќи ја како личност која духовно го смирила и го насочила кон вистинските вредности.

 

ФОТО | Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса, чека наследник: „Благодарение на оваа личност, мојата лоза продолжува“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот