Алек Болдвин обвинет за шовинизам: Презаситен од социјалните медиуми, актерот го избриша својот профил на Твитер

Instagram
Instagram

Холивудскиот актер и комичар Алек Болдвин го избриша својот твитер – профил откако тој „се вмеша“ во расправија на таа социјална мрежа за улогата на Џулијан Андерсон во серијата „Круна“, и нејзиниот акцент.

Откако го доби Златниот глобус за интерпретацијата на Маргарет Тачер, Андерсон изненади многумина заблагодарувајќи се на американскиот акцент, иако користи британски многу години, откако се пресели во Лондон и започна да работи во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)


Болдвин иронично ја коментираше оваа ситуација:

Замислете, актерката го смени акцентот што го користи. „Ох, тоа е интересно“, Болдвин беше саркастичен за оваа „трансформација“, алудирајќи на ситуацијата во која се најде неговата сопруга Хилари, која неодамна беше обвинета за фалсификување на шпанскиот акцент и наследство, како и за присвојување на културата.

Подоцна Болдвин објасни дека нема ништо против Андерсон и дека поентата не е да се минимизира нејзиното обраќање, за која сметал дека е одлично, туку дека е погрешно разбран.

Откако го обвинија за шовинизам, Болдвин го деактивираше својот твитер – профил.  Во „прошталното видео“ тој вели дека, засега, е презаситен од социјалните мрежи.

„Забележав дека некој рече дека глумицава, која нема да ја спомнувам (по име), го менувала нагласокот на нејзиното шоу – од британски (што го користи во „Круната“) во американски… Јас само напишав: „Ох, тоа е интересно“. Се разбира, не може никако да бидете иронични на Твитер. Не можете никако да бидете иронични во Соединетите Американски Држави, затоа што САД се e толку стегнато, стресно место сега. Толку непријатно место сега. Но, на личноста на којашто ѝ го упатив коментарот, всушност, сум ѝ огромен обожавател. Голем, огромен обожавател. Коментарот требаше да ја илустрира поентата дека наоѓам мултикултурни изрази, чии било – без оглед на јазикот, земјата, музиката, храната, облеката, уметноста – што и да е важно во тие изрази за вас, тоа е ваша работа“ објаснува Болдвин.

Сепак, глумецот смета дека на Твитер „во овој миг се наоѓаат сите г**нари во САД и пошироко“, па и најмалата ситница станува „сочна приказна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот