Алборг крои „дрим-тим“: Палмарсон потпиша договор, во 2022 година доаѓа и Хансен!

epa06007860 Veszprem's Aron Palmarsson (C) in action against Paris' Mikkel Hansen (R) and Henrik Mollgaard Jensen (R) during the 2017 EHF FINAL4 Handball Champions League semi final match between Telekom Veszprem of Hungary and Paris Saint-Germain of France, in Cologne, Germany, 03 June 2017. EPA/SASCHA STEINBACH

Исланѓанецот Арон Палмарсон ќе ја напушти Барселона, а од следната сезона ќе ги брани боите на Алборг.

Денеска данскиот клуб ја информираше јавноста дека 30-годишниот централен бек потпиша договор на три години.

Има бројни титули со Кил (со кој двапати ја освои Лигата на шампионите), Веспрем и Барселона. Во 2010 година освои бронзен медал со својата репрезентацијата на Европското првенство во Австрија.

Алборг има намера да направи „бум“ во европскиот ракомет, од следната сезона (2021/2022) според најавите нови засилувања ќе бидат уште десниот дански бек Мартин Ларсен од Лајпциг, норвешкото десно крило Кристијан Бјорнсен од Вецлар и шведскиот пивот од Рајн Некар Левен, Јеспер Силесен.

Од сезоната 2022/2023 се обезбедени услугите на уште една голема ѕвезда, 33-годишниот лев бек Микел Хансен кој ќе игра уште една година за ПСЖ.

Видео на денот