Албанската полиција разби криминална мрежа за набавување бугарски пасоши
Како резултат на преземените активности, полицијата, под раководство на Обвинителството во Дебар, успешно ја реализирала полициската операција со кодно име „Идентитет“. При тоа, на излез од граничниот премин Блато бил приведен 49-годишниот Е.Т. од Софија, Бугарија.
Полицијата во Дебар, Албанија, започна истрага откако добила информации дека криминална мрежа фалсификувала документи за да им се обезбедат бугарски пасоши на луѓе кои лажно се прикажуваат како жители на административната единица Острен, објави „Балкан веб“.
Препорачано
Истражувањето, проследено со посебни истражни методи, траело околу еден месец со цел разбивање на групата.
Како резултат на преземените активности, полицијата, под раководство на Обвинителството во Дебар, успешно ја реализирала полициската операција со кодно име „Идентитет“. При тоа, на излез од граничниот премин Блато бил приведен 49-годишниот Е.Т. од Софија, Бугарија.
При претрес на возилото што го управувал, полицајците пронашле 21 сомнителен фалсификуван документ за 21 различен човек, со намера тие да се искористат за добивање бугарски пасоши.
Радев ветува дека со голи раце ќе искорне старо дрво со длабоки корени
Воедно, до Обвинителството биле поднесени материјали и била поведена кривична постапка против 53-годишниот Н.С. од селото Острен, администратор на административната единица Острен, општина Булќиза, и поранешниот администратор на истата административна единица, 62-годишниот Б.М. од селото Лејча.
Тие се сомничат дека, додека ја извршувале својата должност, постапувале спротивно на законот, издавајќи и фалсификувајќи документи за граѓански статус за различни луѓе, со цел тие да добијат бугарски пасоши.
Истрагата продолжува со цел целосно расчистување и документирање на случајот, како и идентификација и кривична одговорност на други инволвирани. Материјалите се доставени до Основниот суд со општа надлежност во Дебар за понатамошна постапка.


