Албанија: Уште еден доктор ја загуби борбата со коронавирусот

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Според Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19.

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на Ковид-19, што е шестти лекар кој ја губи битката со опасниот вирус.

Станува збор за Зулиха Краја(78), познат хирург во пензија од Скадар,еден од основоположниците на современата хирургија во земјата.

Таа по појавата на пандемијата се вратила да им помогне на колегите во Регионалната болница во овој град каде и се заразила.

Била хоспитализирана пред неколку недели а последните денови интубира. Таа е сопруга на познатиот драматург Фадил Краја.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Краја е шести лекар кој умира како последица од Ковид-19. Сите со опасниот врус се заразиле од контакт со пациенти.

Според Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19, или вкупно 9.967, излекувани се 150 односно 5.882 лица, додека починале пет пациенти или 306 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 3.779 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот