Албанија го отвора небото за сообраќај со Грција

Албанија на 10 март целосно го прекина авионскиот и поморскиот сообраќај кон сите земји.

Албанското Министертво за инфраструктура и енергетика ги информираше своите граѓани дека од понеделник, 15 јуни ќе почнат редовните летови Тирана-Атина и Атина- Тирана.

Одлуката на владите на двете земји да продолжат со редовните летови, исто така, предвидува спроведување на строги безбедносни протоколи против Ковид-19, одобрени од властите за јавно здравје.

Во соопштението на министерството се посочува дека албанската влада е во постојан контакт со владите на европските земји за да го унапреди процесот на отворање на нивните аеродроми, а Министерството за инфраструктура и енергија навремено ќе ја објавува секоја одлука во врска со обновување на летовитекон сите земји.

Поради пандемијата, Албанија на 10 март целосно го прекина авионскиот и поморскиот сообраќај кон сите земји, а ја затвори и границата, која пак ја отвори од први овој месец,во рамки на четвртата фаза од олеснителните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот