Албанија: 13 сомнителни случаи за коронаврус – сите негативни

Министерството ги советува граѓаните кои доаѓаат од погодените области самоинцијативно да се стават во карантин во период од 14 дена.

Во Албанија тестирани се 13 патници како сомнителни, а биле на патувања во земји погодени од новиот коронавирус. До денеска нема потврден случај на Ковид-19, изјави заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.

Таа додаде дека Министерството за здравство и социјална заштита во болниците им ставило на раполагање дополнителен фонд за набавка на опрема за лична заштита.

– По вчерашната средба на Комитетот на експерти, Министерството за здравство донесе одлука за издвојување дополнителни милион американски долари само за зголемување на залихата на опрема за лична заштитна опрема на вработените во здравствените установи. Министерството за здравство гарантира дека во моментот, сите болнички структури ја имаат потребната количина заштитна опрема за оваа фаза во која што се наоѓаме – рече Ракацоли.

Засилениот надзор на граничните премини покажува дека во последните 24 часа се контролирани и советувани 4.800 патници кои патувале во земји погодени од појава на коронавирус.

Министерството ги советува граѓаните кои доаѓаат од погодените области самоинцијативно да се стават во карантин во период од 14 дена.

Исто така на граѓаните кои патувале во погодените земји и кои имаат знаци на вирусна инфекција, треска, кашлица и особено респираторна инсуфициенца (отежнато дишење) се им препорачува да се јават на број 127 за да добијат соодветни упатства за тоа како да постапат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот