Аланис Морисет изјави дека била жртва на сексуално насилство на 15-годишна возраст: „Се правеа дека не слушаат“

аланис морисет
ФОТО: EPA/LAURENT GILLIERON

Канадската пејачка Аланис Морисет во документарниот филм „Jagged“, што допрва треба да доживее премиера, изјави дека била сексуално злоупотребувана од повеќе мажи кога имала само 15 години, пренесува порталот „ЕТ Канада“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alanis Morissette (@alanis)

„Ми беа потребни години и години терапија за да можам да си признаам на себе дека сум жртва на злоупотреба. Секогаш велев дека се согласувам, но потоа ќе се потсетев – еј, имаше 15 години, не се согласуваш на 15 години. Сега знам дека сите тие беа педофили. Тоа е легално силување“, рече Аланис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alanis Morissette (@alanis)

Пејачката не ги откри имињата на насилниците, но објасни дека неколку луѓе знаеле што се случува, но „се правеле дека не слушаат“.

„Им беше полесно да станат и да излезат од собата, односно да го игнорираат тоа што се случува“, вели пејачката.

Документарецот го прикажува животот на пејачката и нејзиниот пат од танчерка во Канада до успешен музичар во Лос Анџелес. Премиерата на овој документарен филм ќе биде следната недела на „Меѓународниот филмски фестивал“ во Торонто, но странските медиуми пишуваат дека Аланис нема да присуствува на проекцијата на филмот бидејќи не е задоволна од финалниот производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот