Активистите за заштита на животните бараат да се врати Кико миленикот на велешани

Фото: Фејсбук, Моника Петковска

Судбината на Кико, миленикот на велешани е во неизвесност. По 14 години живот на улица, минатата недела кучето било заловено од Стационарот Лана. Активистката Моника Петковска на Фејсбук пишува дека кучето е заловено со лажна изјава, односно добиен е налог за него – за каснување, но од полицијата немаат добиено таква пријава.

Беше контактирана полицијата во Велес каде потврдија дека нема таква пријава ни пак од општина Велес има налог за ловење во центар каде и живееше Кико! Од Општина Велес беа контактирани при самото заловување да го вратат Кико, иако со него во комбето има куп кучиња со неизвесна судбина тие одбија да го вратат сè додека не поминел третман. До стационарот беше испратен и медицински извештај дека Кико е носен на ветеринар направени се сите анализи и дека Кико е вратен на локација во добра здравствена состојба – но за нив тоа не важело! – пишува Петковска.

Петковска вели дека иако кучето е веќе тестирано на лишманија и резултатите биле негативни, од Стационарот тврдат дека кучето има позитивен тест. По сите обиди и потпишана изјава на нотар дека Кико ќе биде вдомен на нејзино име, Петковска раскажува дека од нив е побарано да добијат изјава од инспектор во Струмица, но не успеале да го вратат кучето.

Вчера отидовме до Струмица со цел да се најде начин и Кико да се извади жив и разговор со градоначалникот на Општина Струмица, но за жал се вративме без Кико поради тоа што Законот е во рацете на убијци! Јас ќе разберам да е куче болно од лишманија и нема кој да се грижи за него е хумано да се успие но куче за кое се залагаат 50 души да го извадат и лекуваат да се убие од ИНАЕТ и покажување на МОЌ е дно дна! – вели таа.

Фото: Фејсбук, Моника Петковска

Активистите апелираат на емпатија и човечност, бидејќи се работи за живо суштество.

Има многу ветеринари,но од сите нив нема ни 5 души со емпатија во нив !
Вака со активисти соработка не се достигнува !
ГО БАРАМЕ КИКО НАЗАД!
ЧИПИРАН НА НАШЕ ИМЕ,ОДНЕСЕН НА ВЕТЕРИНАР И ЛЕЧЕН!
Не бараме топла вода,бараме малце човечност од директорката на стационарот!
Бараме малце емпатија поради тоа што сепак работи со живи суштества а не во циглана !
Ги замолувам сите што на било каков начин можат да помогнат да пишат,а во меѓу време Споделте и тагнете ги Лана – да видат како се соработува со активисти,односно соработка што они ја барат!
И не е само Кико,уште многу кучиња се – ама Велес нема ве пречека следен пат со раширени раце !

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот