Актерот Тимоти Басфилд обвинет по четири точки за сексуална злоупотреба на деца
Голема порота во американската држава Њу Мексико го обвини познатиот актер Тимоти Басфилд за сексуална злоупотреба на деца. Басфилд е обвинет по четири точки за кривичен сексуален контакт со дете, се вели во соопштението на канцеларијата на окружниот обвинител на округот Берналило, пренесува „Гардијан“.
Препорачано
– Како и со сите кривични постапки, г-дин Басфилд се смета за невин освен ако и сè додека не се докаже неговата вина на суд – рекол Сем Брегман, окружен обвинител.
– Овој случај ќе продолжи низ судска постапка и се очекува да продолжи кон судење – додал тој.
Случајот ќе го гони специјалната единица за жртви на канцеларијата. Басфилд ги негираше обвинувањата.
Полицијата во Албакерки издаде налог за апсење на Басфилд во јануари по две точки за кривичен сексуален контакт со малолетно лице и една точка за злоупотреба на дете. Во кривичната пријава се тврди дека делата се случиле помеѓу 22 ноември 2022 година и пролетта 2024 година на снимањето на ТВ-драмата „Чистачката“, која Басфилд ја режираше и во која глумеше.
Според кривичната пријава, истражител од полициската станица вели дека детето за кое станува збор пријавило дека Басфилд го допирал во интимните делови преку облеката во една прилика кога имал седум години и друг пат кога имал осум години. Братот близнак на момчето им кажал на властите дека и него го допирал Басфилд, но не прецизирал на кој начин и рекол дека не кажал ништо веднаш бидејќи не сакал да западне во неволја.
Басфилд ја тврдеше својата невиност во видео.
– Сè е лага. Не им направив ништо на тие мали момчиња и ќе се борам против тоа – рекол Басфилд во видеото.
Тој сè уште не се изјаснил пред судот. Обвинителите и полицијата во Албукерке го наведоа она што го прикажуваат како шема на сексуално недолично однесување во неговата работа, вклучително и тврдење за сексуална злоупотреба на 16-годишно девојче во Сакраменто.
Басфилд е најпознат по улогите во „Западното крило“, „Поле на соништата“ и „Триесет и нешто“.


