Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот од „Луд, збунет, нормален“ ја врати наградата откако беше осуден за блудничење врз 15-годишно момче

Босанскиот актер Моамер Касумовиќ (44), ѕвезда на серијата „Луд, збунет, нормален“, се откажа од Третојануарската награда на општина Бијело Поље, што ја добил во 2017 година.

Оваа одлука следува откако правосилно беше осуден за педофилија.

Покренувач на иницијативата за одземање на наградата бил членот на одборот на Демократска Црна Гора, Марко Ѓукиќ, кој побарал на Моамер Касумовиќ формално да му се одземе наградата поради изречената пресуда. Иако Собранието на општината усвоила општи заклучоци според кои признанијата можат да им се одземат од лицата осудени за тешки кривични дела, во овој конкретен случај не е донесена посебна одлука.

Касумовиќ ја доби наградата „Трет јануари“ во 2017 година, додека неколку години подоцна изврши блудни дејствија на петнаесетгодишно момче во Сараево.

Во своето соопштение за јавноста, Касумовиќ, меѓу другото, објаснил дека решил да го преземе овој чекор за, како што нагласил, да го зачува достоинството и интегритетот на самата награда.

Актерот Моамер Касумовиќ, кој беше осуден во Сараево за блуд врз малолетник со затворска казна од една година, ќе биде вклучен и во Регистарот на сторители на кривични дела против полова слобода во Црна Гора.

Според информациите од Општинскиот суд во Сараево, Моамер Касумовиќ е осуден за блудни дела врз 15-годишно момче, а конечната пресуда му беше изречена на 22 мај 2023 година. Обвинението против него го покрена Обвинителството на Кантонот Сараево на почетокот на февруари 2021 година.

Касумовиќ ја откупи затворската казна во ноември минатата година, па сексуалното злоставување на 15-годишниот малолетник го платил 36.500 КМ. 

Три години од смртта на Мустафа Надаревиќ: Ќерката на ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“ му посвети емотивна објава

Откако беше осуден за педофилија, актерот од „Луд, збунет, нормален“ изгуби улога во нова серија

Актерот од „Луд, збунет, нормален“ кој е осуден за педофилија, ќе биде запишан во црногорскиот регистар на педофили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот