Актерот Бил Мареј доби тужба за несоодветно однесување на филмски сет

Фоот: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Актерот Бил Мареј е обвинет за несоодветно однесување на сетот на „Being Mortal“ и снимањето е прекинато до понатамошно известување. Уште не е откриено името на лицето кое ја поднело тужбата, ниту е наведено што точно направил 71-годишниот Мареј, пренесува „Deadline“.

„Одлучено е дека процесот на снимање мора да биде запрен. Благодарни сме на сите вас кои учествувавте во овој проект“, напишаа шефовите на филмското студио „Searchlight Pictures’ во писмото до актерите и до остатокот од тимот.

Режисер на „Being Mortal“ е комичарот Азиз Ансари. Во филмот требаше да глумат и Сет Роген и Кеке Палмер. Засега не се знае кога ќе продолжи снимањето на филмот.

Мареј е еден од најомилените американски актери, но ѕвездата има долга историја на создавање непријатели на сетовите на неговите телевизиски и филмски проекти.

Во 2000 година, Мареј славно се замерисо колешката Луси Лиу за време на снимањето на „Чарлиевите ангели“, при што Лиу тврдеше дека Мареј ѝ упатил „неоправдани и неприфатливи“ коментари на снимањето.

Луси Лиу го коментираше непријатното искуство со Бил Мари на сетот на „Чарлиевите Ангели“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот