Актерката умирала 30 минути заробена во запален автомобил

Фото: Профимедиа

Холивудската актерка Ен Хеч (53) претрпела изгореници од втор степен на 12 отсто од телото кога ја доживеала сообраќајна несреќа, но, проблематичната актерка не била под дејство на дрога кога со својот автомобил се забила во куќа во Лос Анџелес.

Хеч била заробена во својот запален Мини Купер околу 30 минути, на 5 август, пред да ја извлечат пожарникарите и итната помош, според извештајот на обдукцијата до кој дошол „Њујорк пост“.

Фото: Профимедиа

Хеч починала од „инхалација и термички повреди“, како и од кршење на градната коска, која се наоѓа во центарот на градниот кош – предизвикани од тапите повреди при судирот, се наведува во извештајот што го објавила канцеларијата на судскиот вештак во Лос Анџелес во вторникот.

Во извештајот се наведува дека е очекувано тоа што повредата била болна додека дишела и била во своето возило и дека значајно придонело за нејзината смрт. Начинот на смртта е прогласен за несреќен случај, а обдукцијата ги отфрлила претходните извештаи кои велеле дека Хеч била под дејство на дрога во време на несреќата.

Во извештајот се наведува и дека тестовите од урината на актерката пронашла кокаин, канабиноиди и фентанил, но исто така е истакнато дека таа добила фентанил во болницата по несреќата.

Одвоени тестови на нејзината крв укажале на претходна употреба на бензоилекгонин, кој е токсичен метаболит кој се јавува по употребата на кокаин, но вештакот го навеле да го заклучи следното:

„Нема докази за влошување поради употреба на недозволени супстанции во времето на несреќата“, се наведува во извештајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)


Хеч исто така се здобила со изгореници на десната страна на лицето и вратот, десното рамо, левиот горен дел на градниот кош и горните екстремитети. Покрај изгорениците од втор степен, 40 проценти од нејзиното тело добило изгореници од прв степен, а чад е пронајден во нејзините ноздри и уста, се наведува во извештајот.

Хеч била итно префрлена во итна помош, но подоцна била префрлена во Гросман Брн центарот во Вест Хилс во Калифорнија, каде и е направено пресадување на кожата на вратот, трупот и горните и долните екстремитети.

Поставена е на апарати за дишење, но во 18:38 часот е прогласена мозочна смрт, на 11 август. Второто прогласување е донесено 10 минути подоцна и нејзините органи и ткиво се извадени за донација, се наведува во извештајот на обдукцијата.

Според радио-записите на итните служби кои се објавени за „Ен-би-си Лос Анџелес“ во склад со калифорнискиот закон за снимки, првото пожарно возило реагирало на несреќата во 11:01 часот – пет минути откако Хеч изгубила контрола над возилото и влетало во приватна куќа.

Диспечерот на итната помош преку радио-врска јавил дека „лицето е заглавено во возилото“, но итната помош прво била упатена да ја лекува жената која била повредена во куќата, а не возачот на Мини Куперот.

Фото: Профимедиа

Сведоците изјавиле дека Хеч патувала со околу 130 километри н час во станбена зона со ограничување од околу 40 км/ч, кога удрила во куќа на Валгров Авенија во Калифорнија.

„На противпожарната служба на Лос Анџелес можеби ѝ требале дури 30 минути да ја извлече Хеч поради ограничениот простор“, се наведува во извештајот.

Хеч има два сина, Хомер Лафон и Алтас Хеч Тапер кои ги имала со поранешните партнери Коли Лафон и Џејмс Тапер.

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот