Актерката од „Војна на ѕвездите“ која доби отказ поради обвинувањата за антисемитизам поднесе тужба против Дизни

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Актерката Џина Карано ги тужи Дизни и Лукасфилм откако беше отпуштена од серијата „Мандалорецот“ во 2021 година поради објава на социјалните мрежи во која ги споредува републиканците со Евреите за време на Холокаустот.

Тужбата е финансирана од Илон Маск, кој упати отворен повик до други да се приклучат на тужбата на неговата платформа. Карано бара отштета од 75.000 долари и бара од судот да го принуди Лукасфилм повторно да ја вработи.

„Како знак на нашата посветеност на Икс и слободата на говорот, ние сме горди што обезбедуваме финансиска поддршка за тужбата на Џина Карано, давајќи ѝ овластување да бара оправдување за нејзините права за слободен говор на Икс и способноста да работи без вознемирување или дискриминација. “, изјавил Џо Бенарок, шеф за деловни операции во компанијата Икс.


Актерката е поранешен ММА борец, а ја толкуваше Кара Дин во првите две сезони од серијата „Мандалорец“на Дизни. Таа се најде на удар на критики откако сподели објава на нејзиниот Инстаграм профил во февруари 2021 година.

„Евреите беа тепани по улиците, не од нацистичките војници, туку од нивните соседи… дури и децата. Бидејќи историјата е поставена, повеќето луѓе денес не сфаќаат дека владата прво ги натерала нивните соседи да ги мразат само затоа што биле Евреи, за да стигнат до точка каде нацистичките војници лесно би можеле да соберат илјадници Евреи. Како тоа се разликува од мразењето некого поради неговите политички ставови“, се вели во објавата.

Истиот ден, Лукасфилм, продуцентската куќа зад серијата, како и агенцијата за таленти која ја претставуваше речиси две години, престанаа да соработуваат со неа. Во изјавата во тоа време, портпаролот на Лукасфилм рече дека „нејзините објави на социјалните мрежи кои ги омаловажуваат луѓето врз основа на нивниот културен и верски идентитет се одвратни и неприфатливи“.

ФОТО | „Нејзините објави се одвратни и неприфатливи“: Дизни ја избрка Џина Карано од „The Mandalorian“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот