Ако ви се вкочануваат рацете и нозете – основно правило, не тресете ги!

Фото: Профимедиа

Вкочанетост, умртвеност, „мртва рака“, нечувствителност на стапалата… како и да го наречеме чувството кое на сите ни е познато. Стапалата, дланките, рацете и нозете се делови на телото кои најчесто се „умртвуваат“, особено кога спиеме. Но, зошто тоа ни се случува?

Тоа чудно чувство е, всушност, сосема нормална реакција на телото, велат стручњаците. Станува збор за тоа дека нервите сигнализираат дека мора да ја промените неудобната положба.

Притисокот ги изложува нервите на стрес. Ако сте здрави, вкочанетоста не треба да ве загрижува. Токму спротивното, тоа е знак дека вашите витални функции се во совршен ред, велат невролозите.

Вкочанетоста, исто така, има и превентивна улога, бидејќи ве потсетува да се вратите во удобната положба.
Кога нервот не би го испратил тој сигнал, би можело да дојде до трајно оштетување.

Ако почувствувате вкочанетост, едноставно „разбудете“ ја раката или ногата така што ќе заземете поудобна положба. Не треба да ги тресете, враќањето во нормалната положба ќе биде сосема доволно.

Ако нервот привремено го изгуби чувството, не грижете се. Чувството во раката или ногата се враќа многу брзо, најчесто во рок од неколку минути. Меѓутоа, ако не се врати ниту по неколку часа, побарајте помош од лекар. Лекар треба да посетите и ако нема некоја очигледна причина за вкочанетоста или „умртвеноста“ на екстремитетите, препорачуваат невролозите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот