Ако веќе повторно се отвора Уставот, зрели сме за целосно нов Устав, вели Ѓулистана Марковска
Поранешната пратеничка, политичката аналитичарка Ѓулистана Марковска, вечерва во „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“, коментирајќи ги најавите за повторно отворање на Уставот поради измеин, рече дека Македонија е зрела за носење сосема нов Устав
Препорачано
„Со оглед на тоа дека уставот претрпе можеби осум промени и се менува поради што и е приоритет на некоја Влада, тоа да промени. Ако веќе го отвораме Уставот мислам дека сме зрели за носење сосема нов Устав, којшто би барал сеопфатна анализа на тоа што е направено од досегашните измени, каква да биде концепцијата и што треба да се направи. Ако оваа Влада го прави тоа на средина на мандат, ниту ќе има време ниту можност. За тоа се потребни добри 4-5 години анализа од вистински стручњаци, ако треба и однадвор, за да биде таков, а не базиран на дневнополитички промени што треба само да ја дефокусираат јавноста или да одговорат на агендата на политичкиот субјект кој владее“, рече Марковска.
Пановски: Утре да го смениме Уставот, Бугарите ќе имаат нови барања, но барем ќе тргнеме некаде


