Ако сте заборавиле да се одјавите од паркирање, „Градски паркинг“ ќе ве потсети со СМС порака

Градски паркинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Со СМС порака ЈП „Градски паркинг“ ќе ги потсетува граѓаните кои заборавиле да го одјават паркирањето дека имаат активна паркинг – сесија на зонските паркиралишта. Корисниците кои испратиле СМС порака за паркирање, по 4 часа и 5 минути ќе добиваат порака- потсетник со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“.

 Оваа порака е со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои паркираат на зони кои немаат ограничено и автоматско исклучување на паркинг сесијата, поточно зоните Ц и Д. Корисниците често, од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот – велат од „Градски паркинг“.

Оттаму апелираат до корисниците навремено да испраќаат СМС пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности т.е. поставување блокатор на тркало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот