Фото: Фејсбук

Ако може семафори на тротоарот за да минуваат пешаци, да не им пречат на паркираните возила – реагира скопјанец

Ако не е проблем наместете семафори на двата краја од тротоаров,  насилно претворен во улица и паркинг,  да може пешаци да поминуваат. Нема  смисла да им пречиме на возилава! – се вели во навидум шеговитата објава на скопјанец на Фејсбук во која се прозиваат Министерството за внатрешни работи и Општина Карпош да реагираат.

Станува збор за паркирани возила долж пешачката патека на левата страна на булеварот „Партизански одреди“ пред мостот „Обединети нации“ во насока кон Ѓорче Петров.

Всушност ова е само една слика од градот каде паркирањето е еден од најгорливите проблеми. Паркиралишта нема доволно за да одговорат на потребите на граѓаните, а пронаоѓањето на слободно место за паркирање е како добивка на лото.

Со цветни жардиниери се „брани“ тротоар во Карпош што метални столпчиња не успеаја да го одбранат од паркирани возила

Можеби од тие причини надлежните замижуваат на непрописното паркирање на граѓаните, кои, од друга страна, токму тоа го користат и паркираат каде што ќе стигнат, на тротоари, пешачки патеки, на зелени површини.

И така во круг – општините не обезбедуваат паркиралишта и катни гаражи, казни слабо се изрекуваат, па граѓаните се снаоѓаат.

Притоа, најчесто страдаат пешаците, затоа што во градов за нив и нивната безбедност најмалку се размислува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот