Фото: Фејбук „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“

Со цветни жардиниери се „брани“ тротоар во Карпош што метални столпчиња не успеаја да го одбранат од паркирани возила

Активисти на „Независни за Карпош“ со две големи цветни жардиниери  поставени на пешачката патека, се обидоа да го направат тоа што Општина Карпош, надлежните јавни претпријатија и Град Скопје не го решија досега и покрај жалбите на жителите.

Граѓаните бараа да се спречи паркирањето возилата на гостите во ресторанот „Русти“ на пешачката патека и во зеленилото покрај булеварот „Осми Септември“.

Ресторанот, лоциран на аголот помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Осми Септември“ има свој паркинг, но тој не е доволен да ги задоволи потребите на посетителите, кои буквално ја блокираат со автомобили пешачката патека, односно тротоарот.

Со месеци кај Русти ресторан и игротека, возила се паркираат на пешачката патека и во зеленилото. Побаравме да се постават метални столпчиња. Град Скопје ги постави два пати, но и двата пати беа откорнати. Од Градот велат дека не може постојано да поставуваат нови столпчиња кои некој повторно ќе ги уништува. Пајак службата доаѓа од време на време и ги крева возилата (не сите), но повторно има нови и нови – информираа на Фејбук од „Независни за Карпош“.

Паркинзи нема, пајаците „растураат“, општините само ветуваат решение

Нивните активисти, за да ги спречиме возила да влегуваат таму каде што не смеат, поставиле бариери на двата дела – кај зеленилото и кај патеката.

Засадивме 7 ружи како зелена бариера и поставивме две бетонски жардиниери кај патеката. Се надеваме дека ќе опстанат и нема да бидат уништени. Соседите ветија дека ќе ги полеваат и внимаваат на нив – соопштија од „Независни“.

Нивниот потег покажува колку малку треба да се направи за да се спречи некоја лоша практика. Но, исто така прашање е до кога ќе останат жардиниерите поставени на патеката, оти претходно за недозволеното паркирање и металните столпчиња беа откорнаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот