Отпушок - Фото: Zosma / Alamy / Profimedia

Ако фрлите отпушок на улица во најчистиот град во светот, казната е 200 евра

Во Сингапур, град кој често се смета за најчист на светот, фрлањето дури и најмал отпад на улица – како отпушок – може скапо да ве чини. За ваков прекршок се плаќа казна од 300 сингапурски долари, односно околу 200 евра. И тоа важи само за прво прекршување.

Доколку повторно бидете фатени во истата постапка, казните драматично растат и можат да достигнат неколку илјади евра.

Сингапур ја гради својата репутација на чист град благодарение на ефикасниот систем за управување со отпадот, редовното чистење на јавните простори и многу строгите закони кои ги казнуваат прекршителите.

За фрлање поголемо парче отпад, првиот „посериозен“ прекршок, казната може да достигне 1.000 сингапурски долари (околу 663 евра). Иста казна се изрекува и за плукање на јавна површина или хранење птици. Повторените прекршители се изложени и на јавно срамотење: властите ги задолжуваат да чистат јавни површини облечени во светли прслуци, и тоа на локации посетени од туристи.

Технологија во служба на редот

Сингапур применува и модерна технологија за одржување на јавната чистота и редот. Во лифтовите се поставени уреди за детекција на урина – доколку некој се обиде да врши нужда, вратите се заклучуваат, а полицијата веднаш добива известување.

Потврда за титулата „најчист град“

Американската компанија Eagle Dumpster Rental, која се занимава со управување со отпад, во најновата студија го прогласи Сингапур за најчист град на светот. Анализата ги опфати најпознатите туристички дестинации, нивните системи за управување со отпад и количината отпад по глава на жител.

Според податоците од Numbeo, Atlas D-Waste и локални извори, Сингапур произведува само 321 килограм отпад годишно по жител.

За споредба, највалканиот град во студијата е прогласен Рим – главниот град на Италија создава околу 654 килограми отпад по човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот