Ако до утре не падне снег во Њујорк, ќе „падне“ рекорд стар 50 години

Фото: PIX 11 News / Youtube / принтскрин

Во американската метропола Њујорк снег не паднал веќе 326 дена и ако не падне утре, ќе биде соборен рекорд од 1973 година, кога се случила зимата кога првиот снег паднал најдоцна – на 30 јануари.

Доколку нема снежни врнежи уште неколку дена, ќе „падне“ уште еден рекорд – за најдолг период без снег во „Големото јаболко“, пишува „Њујорк дејли њуз“.

Освен во градот Њујорк, и други градови на источниот брег на САД зимава соборуваат слични рекорди на периоди без снег.

Од друга страна, делови од државата Њујорк беа зафатни од опасно снежно невреме во декември, кога официјално 39 луѓе ги загубија животите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот