Акција во Котур – „Донирај книга за патувачката библиотека на МакеДокс“

Од 25 до 29 јуни ќе се одвива акцијата „Донирај книга за патувачката библиотека на МакеДокс“. Книгите ќе може да се донираат во кафе „Котур“ секој ден од вторник до сабота.

Патувачкото магаренце на МакеДокс донираните книги ќе ги прошета до селата кои ќе ги посети, каде луѓето ќе можат да ги позајмат, заменат, прочитаат. Потоа книгите ќе бидат стационирани во основното училиште во Радожда, до следната година, до следното патување на патувачкото магаренце на МакеДокс. 

Дополнителна мотивација за донација на книгите може да биде и тематската дружба „Кафе и кромид 03“ на МакеДокс и кафе „Котур“, која ќе се одржи на 27 јуни во 20.30 часот, кога ќе биде прикажан филмот „Мажи играчи“. Со купена пијачка или со донирана книга се добива билет за проекцијата.

Документарецот „Мажи играчи“ (Словенија, Хрватска / 2017 / 60′) на режисерот Матјаж Иванишин е весел филм за играњето, за убавината на играта и за мажите што играат. И ден-денес мажите играат крајно сериозно и безгрижно радосни некаде покрај Медитеранот. Режисерот ги следи со сериозна леснотија сè дури не наиде на креативна блокада. За да продолжи, мора да ги преосмисли правилата на игра.

Патувачкото кино на МакеДокс ќе се одржи од 1 до 12 јули околу двете најголеми езера, Охридско и Преспанско езеро од македонската и од албанската страна. Тоа ќе се реализира со поддршка од македонската Агенција за филм, амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот