Акција „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река”

Националниот парк Маврово е под закана од над 20 хидроенергетски проекти, од кои три на Жировничка Река, од која се обезбедува вода за пиење за второто најголемо село во Маврово, Жировница, реагираат „Фронт 21/42″ и Месната заедница на Жировница.

– Зафатите се лоцирани над самата каптажата за вода за пиење на селото и со тоа несомнено се загрозува доводот на вода. Населението воопшто не е консултирано за можното влијание од хидроцентралите ниту пак имаат гаранции дека нема да останат без основниот потребен ресурс за живот- вода за пиење, се вели во соопштението на „Фронт 21/42″.

Локалното население, со поддршка од „Фронт 21/42″ и Месната заедница на Жировница, денеска постави банер „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река”, испраќајки апел до сите носители на одлуки да го сопрат уништување на Жировничка Река, а најмладите активисти од Жировница изиграа ревијален фудбалски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот