Акциите на Луфтханза „тонат“ поради несогласување на најголемите акционери околу државната помош

Драстичното намалување на патувањата поради пандемијата од Ковид – 19, која според проценките ќе потрае долго, тешко ја погоди авиокомпанијата и ја примора да побара државна интервенција преку спасувачки пакет.

Акциите на Луфтханза утрово паднаа за 5,7 отсто по изјавата на генералниот директор Карстен Шпор дека компанијата ќе настојува да избегне приземјување и инсолвентност по противењето на нејзиниот најголем акционер на условите од договорот за државна помош од девет милијарди евра.

Драстичното намалување на патувањата поради пандемијата од Ковид – 19, која според проценките ќе потрае долго, тешко ја погоди авиокомпанијата и ја примора да побара државна интервенција преку спасувачки пакет.

Најголемиот акционер на Луфтханза, милијардерот Хајнц Херман Тиле денеска ќе се сретне со министерот за економија со цел да ги каже звоите забелешки кои ги има за пакетот државна помош.

Генералниот директор Шпор наведе во допис упатен до вработените дека авио – компанијата имала интензивни разговори со владата и големите акционери со цел да се најде задоволувачко решение ја компанијата и за сите учесници пред четврток за кога е најавен вонреден состанок на акционери.

Луфтханза минатата седмица предупреди дека во случај да не ја добие поддршката од акционерите за пакетот помош, бо можела да биде присилена да побара од судот заштита на компанијата од доверителите според германскиот закон за несолвентност.

За пакетот финансиска помош од државата потребна е поддршка од две третини од акционерите. Тиле, кој има 15,5 отсто од акциите на Луфтханза, не се согласува државата врз основа на овој пакет да добие 20 отсто од сопствеништвото во компанијата и две местаљ во нејзиниот надзорен одбор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот