Академик Васко Ташковски потпишува каталози пред затворањето на ретроспективната изложба

Изложба на Васко Ташковски во Даут пашин амам / Фото: Национална галерија

Пред затворањето на ретроспективната изложба на Васко Ташковски во Даут-пашин амам, која беше продолжена поради големиот интерес на публиката, од денес па сѐ до 15 јануари, секој ден од 12 до 14 часот љубителите на уметноста ќе можат да се сретнат со авторот и да добијат автограм на каталог од изложбата, велат од Националната галерија за „Слободен печат“.

Инаку, во специјализираната музејска продавница во објектот може да се купат различни подароци со мотиви од делата на авторот Ташковски, како што се ленени торби, шољи, магнети и бележник.

Објектите на Националната галерија работат секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот. Влезница за секој објект поединечно чини 100 денари, а посетата на изложбите е со почитување на здравствените протоколи и задолжителен сертификат за вакцинација против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот