Моџтаба Хамнеи фото: Профимедиа

Ајатолахот издаде 10 директиви до иранската армија за текот на војната

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви со задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со Соединетите Американски Држави и Израел, објавија денес иранските медиуми.

Првото на списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормускиот Теснец, а второто е продолжување на нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објавува иранската новинска агенција WAHA.

Третиот услов е иранските сили да ја одржат подготвеноста за отворање нов фронт доколку тоа се смета за стратешка неопходност. Потоа следува барањето да се продолжи со уништувањето на американските и израелските непријателски средства и воени капацитети, а потоа „да се регистрира секој маченик“ во посебно иранско досие за воена одмазда.

Шестото барање е разузнавачките структури на Иран да ги отстранат безбедносните закани од внатрешните и надворешните непријатели, а седмото е некои од соседните земји да бидат поштедени од иранските воени напади.

Според WANA, доказите од бојното поле укажуваат дека ајатолахот Моџтаба сепак издал неколку дополнителни воени наредби.

Тие вклучуваат барања на ајатолахот да се одговори повеќекратно на секој напад врз енергетската инфраструктура на Иран, да се зголеми интензитетот на ракетните напади против израелскиот режим и конечно, да се дополнат нови цели на списокот за напади секогаш кога е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот