АХВ: Во Македонија нема известување од РАССФ за небезбедни минерални води и сокови

засладувачи во газираните сокови

Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи – соопштија од АХВ, по наводите дека неколку лица се затруле откако пиеле газирани пијалаци од машина за сокови и некои кафулиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – РАССФ, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. Да потсетиме, во Хрватска во последните два дена беа пријавени неколку случаи на сомнително труење со газирани пијалоци. Поради тоа, реагираа и министерот за здравство и неколку лекари кои се занимаваат со лекување на пациентите. Полицијата посетила универзитет во Загреб каде се сомнева дека студент се затрул од газиран пијалок од машина. Од Хрватскиот завод за јавно здравје им дадоа инструкции на граѓаните какви пијалоци се безбедни за консумирање и што да прават доколку постои сомнеж дека испиле загаден пијалок. Странските и регионалните медиуми известуваат за случаите кои ја вознемирија хрватската јавност. „Политико“ ја пренесе изјавата на Рајко Остојиќ, поранешниот министер за здравство, кој ги советувал граѓаните да пијат обична вода. “Не паничете. Избегнувајте ги сите газирани пијалоци“, рекол Остоиќ.

-На еден пациент наводно му се слошило откако испил кока-кола купена од автомат. Хрватскиот институт за јавно здравје ги анализира примероците од пијалокот за да утврди што ги предизвикало симптомите. ХЗЈЗ објави упатства по поплаките. Кока Кола ХБЦ Хрватска во вторникот објави дека е запознаена со „изолираниот инцидент“ во Риека и дека соработува со властите, додека Кока-Кола ХБЦ Австрија соопшти дека „внимателно ја следи“ ситуацијата – објави „Политико“.

Ваквата ситуација ја објави и британски „Мирор“, кој пренесува дека едно лице наводно пиело од пијалакот „Ромеркеле“. Тие известија и за бројни пораки кои се прошириле на социјалните мрежи, а во кои се наведува дека се отруени неколку лица. Министерот за здравство Вили Берош во вторникот изјави дека овие пораки се лажни.

– АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи – соопштија од македонската Агенција за храна и ветеринарство.

Пред малку Н1 Хрватска објави дека заради заштита на јавниот здравствен интерес и заштита на здравјето на луѓето, а во согласност со Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забранила на една трговска компанија да пласира во промет и да ги повлече сомнителните производи.

-Постапката за инспекциски надзор е во тек, санитарната инспекција веднаш по добивањето на резултатите од анализата ќе ги преземе мерките пропишани со закон, а Државниот инспекторат за истото ќе ја информира јавноста – се вели во соопштението од Државниот инспекторат.

Инаку, санитарната инспекција на Државниот инспекторат веднаш по добиената информација за инцидентот во Риека извршила увид на угостителски објекти и дистрибутери во Риека. Во рамки на проверките земени се четири мостри, сите од марката Ромеркеле, кои се анализираат во Хрватскиот завод за јавно здравје.

-Сакаме да истакнеме дека во прометот не е пронајдена сомнителна серија „Ромеркеле Емоушн Блубери Помегранат“ од 330 мл, која ја консумирало лицето кое се здобило со физички повреди. По новите информации добиени вчера за настаните на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Загреб, санитарната инспекција запленила еден примерок Кока кола, оригинален вкус, газиран освежителен безалкохолен пијалок, 500 мл, од машината за самопослужување и уште две. примероци од Кока Кола 2 л, оригинален вкус и Зеро од продавницата. Примероците се анализираат во Хрватскиот институт за јавно здравје. Санитарната инспекција извршила контрола и на трговското друштво во Загреб – објавија од институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот