Ахмети повикува на марш во Приштина за правда за водачите на ОВК
Лидерот на Дуи Али Ахмети преку видео ги повика сите Албанци да учествуваат на маршот „Правда, а не политика“, кој ќе се одржи на 17 февруари во Приштина. Повикот за марш во одбрана на поранешните водачи на ОВК следи откако Специјалното обвинителство во Хаг побара по 45 години затвор за четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
Препорачано
„Драги браќа и сестри, ве поканувам сите заедно да маршираме за „Правда, а не политика“ на 17 февруари 2026 година во 14 часот – плоштад „Скендербег“ во Приштина, во поддршка на луѓето кои придонесоа за слободата и независноста што ја уживаме денес“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Лани, додека траеше судењето на водачите на ОВК, во повеќе градови се одржаа протести на кои се бараше нивно ослободување. Протести имаше во Приштина, Тирана, Скопје, како и во Брисел.
Ахмети наместо на завршен митинг во Скопје, на протест за УЧК во Тирана
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


