Ахмети има нов шеф на кабинет и нова портпаролка
Исклучително важната позиција во хиерархијата на ДУИ, шеф на кабинетот на лидерот Али Ахмети, му е доделена на поранешниот директор на Фондот за здравство, Фатон Ахмети.
Препорачано
Тоа е една од поважните одлуки на денешната седница на Претседателството на ДУИ на која продолжија промените во врвот на партијата. За портпарол на партијата е именувана поранешната пратеничка, Арта Биљали-Зендели. Таа е и еден од потпретседателите на партијата.
„Советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите Американски Држави ќе биде Шемседин Бекири. Именувани се и претседатели на ограноците на ДУИ. За Тетово е именуван Бајрам Реџепи, за Куманово Ридван Асани, за Струга Фатон Положани, за Гостивар Валдет Џафери и за огранокот во Чаир, Бујар Османи“, изјави по седницата Биљали-Зендели.
Таа не ги коментираше изјавите на министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, како и на лидерот на СДСМ Венко Филипче, со кои тие одговорија на тврдењето на Али Ахмети дека „ја растурил Југославија“.
„Јас би претпочитала да ги оставам тие одговори и реакции на Муцунски и Филипче на нив, не би сакала да коментирам“, рече Биљали-Зендели.
ДУИ ќе влезе во влада само ако се избира со Бадентер, Ахмети нуди договор за „спас“ на Македонија


