Ахмети го назначи Рафис Алити за политички координатор на ДУИ во Сарај

Фото: Фејсбук

Ветеранот на ДУИ, Рафис Алити, е назначен за политички координатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во огранокот во скопската општина Сарај, открива за „Слободен печат“ висок функционер на партијата.

Потегот на партискиот лидер Али Ахмети доаѓа во екот на внатрепартиската борба со „огнената група“, како и по сличното назначување во Чаир, каде за координатор беше поставен Бујар Османи. Во овој случај, жестоко реагираше еден од предводниците на „огнените“, Изет Меџити, кој вели дека таква функција не постои според статутот на ДУИ и обвинува дека назначувањето е направено без да помине низ партиските органи.

63-годишниот Алити е поранешен пратеник и потпретседател на Собранието, но тој подолго време е надвор од политиката. Алити порано беше претседател на огранокот на ДУИ во Сарај, кој важи за бастион на уште еден истакнат член на „огнените“ – Блерим Беџети, кој е и градоначалник на општината. Алити ќе биде политички координатор на ДУИ во Сарај до внатрепартиските избори во огранокот, откриваат од ДУИ.

Назначувањето на Алити доаѓа и непосредно пред одржувањето на Централното претседателство на партијата, на кое Блерим Беџети се надеваше дека ќе продолжи внатрепартиската дебата околу барањата на „огнените“, меѓу кои е и она за отчет за работата на Артан Груби и министрите од ДУИ.

„На последната седница беше донесен заклучок дека треба да се разгледаат двата извештаи и да се продолжи со расправа по извештајот кој се однесува на отчетноста, што е транспарентност, европска вредност и верувам, во најмала рака, очекувам да се продолжи да се дебатира за сите тие прашања кои реално создаваат разлики меѓу извршната власт и значаен дел од Демократската унија за интеграција. Треба да продолжи таа точка од дневниот ред за да се види дали има сработено, дали има резултати и дали тие се исполнети со конкретни ангажмани и реализирање на проекти, согласно изборната програма на ДУИ. Ова ќе биде предложено како точка на дневен ред, изјави денеска Беџети, кој е и организациски секретар на ДУИ

Ахмети го постави Бујар Османи за прв човек на ДУИ во Чаир, Изет Меџити е гневен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот