Меси му посакува сè најдобро на Агуеро во новата фаза од животот/Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Агуеро: Јас и Меси сме како истоштен брачен пар

Аргентинските фудбалери Лионел Меси и Серхио Агуеро се големи пријатели повеќе од една деценија, а за добриот однос заслуги има и тоа што се цимери во репрезентацијата.

Агуеро открива како е да се биде цимер со Меси и вели дека нивниот однос функционира како да се во брак.

Со Лео се познаваме од својата 17. година, а сега имаме 32. односно 33. години и ние сме како истоштен брачен пар. Долго години бевме цимери во репрезентацијата и тој постојано се жалеше и приговараше за некои работи кои ги правев. На пример, кога ќе го оставев телевизорот да работи цела ноќ или кога доцнев на вечера – вели Агуеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот