Агентот Гарди: За Елмас има интерес од Премиер лигата, Шпанија и германските клубови

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Агентот на ѕвездата на Наполи, Елиф Елмас, Џорџ Гарди призна дека ќе мора да ја „оцени“ иднината на неговиот клиент ова лето поради интересот што доаѓа од англискиот гигант Ливерпул. А наводно во трката за потписот на „дијамантот“ е и Њукасл кој следната сезона ќе игра во групите на ЛШ, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Репрезентативецот од Македонија забележа шест гола и три асистенции во Серија А оваа сезона во која Наполи стана шампион на Италија за првпат по 33 години.

Извештаите во декември тврдеа дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имал „приватен повик“ во обид да го ангажира нашиот фудбалер.

Беше дел од клучните играчи на Лучијано Спалети, настапувајќи во 35 од 37 натпревари, а стартуваше „само“ на 13. Како што потврди претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, Спалети ќе паузира една година и нема да го води клубот следната сезона.

Елмас има важечки договор со „наполитанците“ до 30 јуни 2025 година (вредност 26 милиони евра според „Трансфермаркт“), првак на Италија, клубот и следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите. Овој месец го очекуваат нови обврски со нашата А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, дуелите со Украина во Скопје и против Англија во Манчестер.

Романо го праша Гарди дали има нешто конкретно со Ливерпул и Њукасл бидејќи тие беа поврзани со играчот и како е општата ситуација.

– Мислам дека овој играч е малку потценет бидејќи е млад кој има големо искуство во репрезентацијата. Тој веќе четири сезони игра на високо ниво. Има голем интерес за него бидејќи е многу разновиден на теренот, игра на три, четири позиции. Тој е играч со голем карактер и голема иднина. Со новиот тренер на Наполи ќе има некои оценки, а дали и понатаму веруваат во играчот, ќе разбереме. Доколку не, ќе најдеме решение бидејќи тој има интерес не само од Премиер лигата, како што кажавте, туку и од Шпанија и германските клубови – вели Гарди.

Спалети е тренер на сезоната во Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот