Агелер: Важно е гласачите да го видат планот на Мицкоски за европските интеграции на земјата

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Ве молиме, донесете ја вистинската одлука за придвижување на оваа земја напред кон нејзините европски аспирации. И Мицковски ќе ви потврди дека го имав истиот разговор со него”. Ова е пораката од американската амбасадорка во Анџела Агелер во интервју за ТВ 24, во кое таа дава коментар за преизборниот процес, како и за работата на техничката влада.

„Ќе продолжиме да работиме на тоа, а каков ефект ќе има тоа, колку време техничката влада ќе трае е нешто за кое не би сакала да шпекулирам. Се надевам дека за луѓето на оваа држава и за доброто на оваа земја, дека после 9 мај ќе има јасно решение, власта и владејачката структура на земјата да можат да продолжат напред. Но, не можам да шпекулирам што всушност ќе се случи“, рече Агелер.

На прашањето дали ќе побара од Мицкоски да го види планот за односите со Бугарија кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изложат во предизборната програма, Агелер вели дека ако тој сака да го сподели со неа, таа со задоволство би го видела, но смета дека е многу поважно за гласачите и за граѓаните на оваа држава да го слушнат и да го видат тој план.

„Важно е да ги видат и деталите за секој план кој би ги решил тековните проблеми со другите земји, со предизвиците на земјата. Се надевам дека гласачите во земјата бараат од сите кандидати многу јасно да разберат кои се нивните планови за во иднина и како се надеваат дека ќе ги спреведат“, вели амбасадорката Агелер.

Според Агелер, партерството меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи, иако би биле разочарани ако не се донесат уставните измени. На прашањето како очекува да функционира техничката Влада, Агелер рече дека очекува секоја Влада да работи во полза на своите граѓани.

„Да, беше разочарувачки што ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Владата. Но, сепак поставија свои министри на соодветните места, како и заменик-министри во другите министерства, така што се надевам дека техничката влада ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните на оваа земја. Досега покажаа дека ќе го сторат тоа. Се надевам дека ќе продолжат“, рече Агелер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот