Агелер: Будно ги следиме сите избори, ќе набљудуваме и дали има мешање од странство

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер вели дека „сите избори ги следат будно“, во интервју за ТВ21.  Во однос на претседателските избори и за влијанието што Русија може да го има врз нив, таа вели дека нема одреден став по однос на ова прашање.

Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу партиите меѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно но следиме и дали има мешање од странство без разлика дали тоа доаѓа од Русија или некоја друга земја. Ние будно ќе набљудуваме, вели Агелер.

На прашање дали ќе се мешаат во изборите, Агелер вели дека нема да се мешаат, ниту она е дел од гласачите на државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот