Африкански куп на нации: Камерун прв обезбеди пласман во нокаут фазата

Камерунците со 2:1 ги елиминираа Коморските Острови/ фото: EPA-EFE/GAVIN BARKER

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Камерун е првиот учесник во осминафиналето на континенталното натпреварување откако во второто коло ја забележа и втората победа. Камерун по триумфот над Буркина Фасо на стартот, денеска со 4:1 беше подобар од Етиопија.

Етиопија поведе уште на четвртата минута со голот на Хотеса, но Камерунците веќе во осмата минута израмнија преку Токо Екамби.

Подобрата игра беше крунисана со три гола во второто полувреме, Абубакар во 53 и 55 минута донесе водство од 3:1, а Токо Екамби во 67 минута го постави конечниот резултат.

Во вториот натпревар од групата А, Буркина Фасо со голот на Банде во 39 минута славеше над Зеленортските острови.

Видео на денот