АЕК: Зголемените мрежни капацитети треба да ги намалат цените на услугите на операторите

Со Уредба што е донесена на 10. месецов е овозможено дополнително доделување радиофреквенциски опсези и радиофреквенции на операторите на телекомуникацискиот пазар.

За најмалку два пати ќе се зголемат капацитетите за транспорт на сообраќајот на операторите на пазарот на електронски комуникации, што беа намалени поради оптовареност на мрежите откако поради кризата со КОВИД-19 најголемиот дел од населението ги извршува обврските он-лајн. На некои релации зголемувањето ќе биде дури и за четири пати, најави денеска Агенцијата за електронски комуникации.

Со Уредба што е донесена на 10. месецов е овозможено дополнително доделување радиофреквенциски опсези и радиофреквенции на операторите на телекомуникацискиот пазар, откако е констатирано дека мрежните капацитети на операторите се доведени речиси до максимална искористеност и се соочуваат со многу интервенции во одржувањето на мрежите, а корисниците тоа го чувствуваат преку добивање услуги со несоодветен квалитет и повисоки сметки, особено во делот за интернет услугата.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека веќе почнала со доделување на фрекфенциите предвидени со Уредбата, потенцирајќи дека станува збор за бесплатни постапки за операторите, како и дека е за очекување тие да ги намалат цените кон крајните корисници по отстранетите недостатоци и олеснетата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот