Адвокатот на синот на Диего Марадона изнесе неверојатни обвинувања!

Нови контроверзи за смртта на легендарниот фудбалер/Фото: EPA-EFE/Demian Alday Estevez

Славниот аргентински фудбалер Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година, под сè уште неразјаснети околности.

Истрагата за смртта на Марадона е сè уште во тек, а се чини дека полека, но сигурно се открива што навистина се случило.

Марио Баудри, адвокат кој го застапува синот на Марадона, Диегитo, побара од државниот обвинител на Сан Исидро итно да апси четири лица поради смртта на таткото на неговиот клиент.

Баудри ги обвини д-р Леополд Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Дијаз и д-р Ненси Форлини за убиство. Покрај тоа, тој го обвини и адвокатот на Марадона, Матијас Морла, кој се занимавал со имотот, како и неговиот братучед Максимилијан Помагра и неговата сестра Ванеса Морла, кои незаконски се здружија за да ги „соберат плодовите“ на неговиот имот.

– Очигледно е дека Марадона најпрво беше лишен од целиот свој имот, неговите брендови, па дури и од името, а потоа беше оставен сам на себе. Тие ставиле луѓе кои немале искуство и знаење да го лекуваат него, но се залагаа да го спречат да се обрати до семејството за помош. Тие му дадоа легална и нелегална дрога за да го влошат неговото здравје, обидувајќи се да предизвикаат смрт што изгледаше природно.

Кога Марадона почина, единственото нешто што имаше вредност беа неговите права на имиџ и трговска марка што повеќе ги немаше или можеше да им ги пренесе на своите наследници. Тие права беа во име на компанија составена од овие луѓе кои мораа да се грижат за него, но тие не го сторија тоа – рече Баудри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот