Административците следната недела ќе добијат колективен договор

Пеце Грујовски нагласи дека јавната администрација и пред и после избори е удар на партиите од едната и другата страна, поради што навистина е тешко да се бори за правата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пеце Грујовски, денеска одговарајќи на новинарско прашање околу потпишувањето на колективен договор за администрацијата, посочи дека смета оти направиле солиден колективен договор што треба да биде потпишан до крајот на претстојнава недела.

– Преговарањето за колективен договор за јавната администрација навистина трае малку подолго, причините се одредени бариери, дека не можат административците да имаат поголеми права затоа што се налепи таа етикета дека администрацијата е неефикасна, неработна, што апсолутно не е точна и ја демантирам, рече Грујоски.

Тој нагласи дека јавната администрација и пред и после избори е удар на партиите од едната и другата страна, поради што навистина е тешко да се бори за правата.

– Не може да се генерализира – „јавната администрација не е работна, не е ефикасна”. Исто како и сите вработени во другите дејности, секаде има работници и неработници. Има раководители кои тоа треба да го санкционираат и кои треба да ги наградат добрите работници, истакна претседателот на УПОЗ.

Тој потенцираше дека на општо задоволство на Синдикатот, колективниот договор што треба да се потпише обезбедува соодветни права за јавната администрација, но се разбира и обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот