АДИССДП реагира за објектот на Јужен Булевар: Бездомниците сами се вселуваат, нема како да се справуваме

Запуштен и напуштен објект на јужен булевар во центарот на Скопје / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по реакцијата на граѓани, а согласно објавата на порталот СЛОБОДЕН ПЕЧАТ за објектот на Јужен Булевар „Објект заборавен од сите, дури и од сопственикот”, даде неколку појаснувања.

Од таму соопштуваат дека за предвидената локација Јужен Булевар АДИССДП има добиено одобрение за градба на станбен објект за домување и во многу краток период ќе бидат отпочнати активности за уривање на постоечкиот објект и за започнување на изградба на нов, што подразбира дека хаосот во конкретниот простор ќе биде соодветно обезбеден и отстранет.

-За моменталната состојба на локацијата сме запознаени и дополнително бевме известени од страна на инспекциските служби на Општина Центар и за истата е започната постапка за отстранување на постојниот шут и ѓубре, и пред отпочнување со градежните активности. Објектот како таков е запуштен, а АДИССДП нема надлежност, ниту пак има сопствено обезбедување да го реши проблемот со бездомниците коишто се вселени самоиницијативно. Објектот е отворен и нема како да се справуваме, соопштуваат од АДИССДП.

Од страна на АДИИСДП велат, повеќе пати е интервенирано на терен, но безуспешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот