Адел во филм: Холивудски продуценти се борат за нејзината прва главна улога

Youtube
Youtube

Пејачката Адел неодамна ослабе 45 килограми и оттогаш наводно станала една од најбараните ѕвезди во Холивуд.

По неодамнешното појавување во шоуто „Saturday Night Live“ каде беше во улога на водител, а притоа и отпеа неколку песни во живо, Адел предизвика особен интерес кај холивудските продуценти поради новиот изглед. Во споменатото шоу накратко покажа и дека одлично глуми, а странските медиуми наведуваат дека филмските продуценти постојано ја бркаат со цел да ја вклучат во нивните проекти.

Youtube
Youtube

Во наводите стои дека тие дури не ни прашуваат за цена по која би го прифатила нејзиниот прв актерски ангажман. Тие се толку решени пејачката да биде во нивниот тим, по што некои продуценти издвоија неверојатни 25 милиони долари за првата главна улога на Адел.

Во моментов, нема никој во Европа или Америка кого филмските волшебници го сакаат повеќе, а иако таа добиваше вакви понуди и годините наназад, ова е вистинскиот момент Адел да блесне колку што може надвор од музичката сцена. Иако ја намали тежината првично за себе и за сопствено задоволство, таа знае дека сега изгледа многу гламурозно и затоа е привлечена за холивудските продуценти. Таа е многу задоволна од својот изглед, што се виде со нејзиниот настап во саботата навечер во живо, што воедно беше и прв пат јавно да ја покаже својата неверојатна трансформација, рече изворот и додаде:

Youtube
Youtube

Таа секогаш ќе биде девојката од северен Лондон, но ова сенејзините моменти и сака да го искористи максимално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот