Аца Лукас откри како ја „фатил“ поранешната сопруга дека го изневерува со познатиот кошаркар, сопругот на Адријана Лима

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот фолк пејач Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, во својата книга „Ова сум јас“ опишал некои детали од бракот со Соња Вуксановиќ, а еден од поинтересните делови е кога открил дека неговата сопруга се допишува со маж за кој се шпекулираше дека е српскиот кошаркар Марко Јариќ, поранешниот сопруг на светскиот топ модел Адријана Лима.

По детално опишаните кавги и навреди и нападите дека Лукас наводно ја изневерувал со некоја од „Ѕвездите на Гранд“, се појавија нови детали од книгата во која пејачот открива дека Соња наводно го изневерувала со српски кошаркар, пишува српски „Курир“.

Адријана Лима и Марко Јариќ / Фото: Profimedia

Како што напишал Лукас по бројните расправии, нивниот однос бил исклучително лош, а сè се сведувало на заеднички живот поради нивната ќерка и медиумите. Тогаш планирале и патување во Америка, меѓутоа, на Лукас му била одбиена визата и Соња одлучила да оди сама, па се сместила кај својата пријателка во Мајами.

„Се врати насмеана, среќата ѝ се гледаше на лицето. Лежев на креветот и играв некоја хазардерска игра… За среќа или за несреќа – го здогледувам таблетот на Соња… Го вклучувам таблетот и гледам непотпишана порака, но со ликот на испраќачот. Слика, на неа некој со брада. Порака испратена од Америка“, пишува Лукас.

Врз основа на описот, многумина дошле до заклучок дека се работи за познат кошаркар кој Лукас во книгата го криел зад псевдонимот „Мајами“, а тоа е славниот српски кошаркар Марко Јариќ, кој своевремено играше за НБА. Така Лукас решил Соња да ја притисне во ќош, па ѝ приредил непријатна ситуација.

– Лукас веќе изесно време се сомневаше дека Соња го изневерува. Не можеше да утврди за кого станува збор, сè додека една вечер не доби идеја да ги смени картичките во телефоните и во име на Соња да се допишува со личноста со која таа се гледа. Беше шокиран кога дозна дека тоа е Јариќ – рекол изворот.

– За да не се создава драма пред сè да излезе на виделина, една вечер, додека биле на вечера, во име на Соња му испратил порака на Јариќ веднаш да се јави на телефон. Кошаркарот го направил тоа, а потоа Лукас ѝ го дал телефонот на Соња и ѝрекол: „Некој те бара, јави се“. Таа се избезумила и засрамила, а фолкерот така сфатил дека, сепак, сè е вистина – заклучува изворот.

Инаку, Јариќ е поранешен сопруг на една од најубавите жени на светот, супермоделот Адријана Лима, со која има две ќерки Сиена и Валентина.

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

Аца Лукас повторно на удар: Хрватите бараат забрана за неговиот концерт во Сплит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот