Аца Лукас повторно на удар: Хрватите бараат забрана за неговиот концерт во Сплит

Аца Лукас / Фото: Инстаграм/Аца Лукас

Хрватите повторно се спротивставуваат на концертот на српскиот фолкер Аца Лукас, кој ќе настапи во сплитската сала „Грипе“ на 4 ноември 2023 година.

Вечерта е закажана премиерата на филмот за неговиот живот „Покидан“, за кој српските медиуми пишуваат дека ќе биде погледан дури и од биографскиот филм за Тома Здравковиќ – „Тома“. Веднаш по премиерата, српскиот фолкер ќе им пее на сплиќани.

Овој пат реакцијата доаѓа од Татковинското движење на сплитско-далматинската жупанија, кое остро се спротивстави на концертот.

„Продолжува инвазијата на сомнителни ликови од истокот на хрватската музичка сцена. Овојпат Аца Лукас повторно е во акција, најавувајќи ја премиерата на неговиот автобиографски филм „Покидан“ – трилогијата „Кафана на Балкану“ во салата „Грипе“ во Сплит на 4 ноември 2023 година. По прикажувањето на филмот е закажан концерт на овој српски турбофолкер. Концертот и филмската проекција се закажани ни помалку ни повеќе туку во Грипе – храмот на спортот во Сплит“, наведуваат во објавата на социјалните мрежи.

Тие потоа наведуваат дека се поставува логично прашање: „Има ли во Сплит, во неговите градски структури, некакви критериуми што може да се организира на јавни градски простори?“.
Прашаа и каква порака испраќаат до младите „кога во спортски, јавен објект организираат промоција на филм кој го велича ликот и делото на зависник, насилник и политички застапник на Александар Вучиќ“.

„Денеска е најнормално играчите на Партизан со тетоважа на Дража Михаиловиќ да играат кошарка во срцето на градот, кај Прокуративи. Кога вакво нешто ќе помине без реакција од надлежните, наскоро можеме да очекуваме прослава на годишнината од основањето на Динарската четничка дивизија. Зошто и не би? Каде се градските и државните служби?“, додаваат од здружението.

„Ако не сте знаеле, Аца Лукас е тој што му пеел на капетанот на ЈНА Мирослав Радиќ при неговото испраќање од белградскиот затвор во Хаг. Човекот не го крие тоа, уште повеќе, тој се гордее со тоа“, наведуваат во соопштението, прашувајќи дали е нормално човек „кој во затворот организирал приватен концерт на џелатот на Вуковар, Мирослав Радиќ, непречено да настапува во Сплит?“.

„Во оваа прилика им се обраќаме на сите организации и поединци кои се грижат за зачувување на националниот идентитет и достоинство на Татковинската војна и ги повикуваме да го спречат срамот на кој актуелната градска власт ги изложува Сплит и Хрватска“, се вели во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот