Абазовиќ вели дека неговата влада паднала поради борбата против корупцијата која „налутила“ многумина

Дритан Абазовиќ/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Поранешниот претседател на црногорската влада Дритан Абазовиќ тврди дека неговиот кабинет во август минатата година не падна поради Основниот договор што го потпишал со Српската православна црква, туку поради „бескомпромисната борба против криминалот“.

Тој исто така тврди дека таа влада не е формирана со поддршка на ДПС, туку, како што вели, со гласови на пратеници во државниот парламент.

Абазовиќ во емисијата „Наглас“ рече дека доказите за криминални активности во Црна Гора се на безбедно, а на потег се институциите одговорни за борба против криминалот и корупцијата.

Тој нагласи дека никој не е недопирлив, туку сите се еднакви пред законот и изрази уверување дека Црна Гора никогаш не видела таков вид на демократски напредок што го видела за време на неговата влада.

– Сè може да се случи, на цивилизиран, достоинствен, културен начин, имаме и нов состав на парламентот, рече Абазовиќ.

Тој е убеден дека неговата, 43-та Влада, има такви резултати што новоформираната, како што наведува, нема да може да ги надмине и достигне.

– Нема мафија која не е нападната. Ги таргетирав сите, со ваков тип на обвинителство и судство, веројатно ќе потрае малку време, рече Абазовиќ, кој сега е лидер на опозициското Граѓанско движење Ура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот