Абазовиќ бил евакуиран од концертот на Дино Мерлин иако не бил мета на физички напад

Дритан Абазовиќ/ Фото: ЕПА

Премиерот на Црна Гора во технички мандат Дритан Абазовиќ, синоќа бил евакуиран од концертот на Дино Мерлин . Полицијата неофицијално тврди дека тој не бил нападнат, туку дошло до конфликт меѓу некои лица, кога покрај нив во тој момент поминувал Абазовиќ.

Полицијата наводно превентивно го евакуирала Абазовиќ и притоа привела неколку лица, пишува црногорскиот сајт „ЦдМ“.

– Многумина помислија дека Абазовиќ е мета на напад затоа што човекот кој претходно го направи инцидентот почнал да го вреѓа Абазовиќ со пцости додека беше апсен и насилно ставен во полициската марица, велат од црногорската полиција.

Имаше туркање од неколку лица, а Абазовиќ во тој момент се движеше кон излезот“, неофицијално велат од полицијата за ЦдМ.

Полицијата соопшти и дека за време на интервенцијата биле ангажирани околу 20 полицајци“, изјавија за ЦдМ очевидци на настанот.

Концертот на Дино Мериин се одржа синоќа во дискотеката Топ Хил во Будва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот