АБА лига: Будуќност убедливо ја совлада Црвена звезда, Сплит го изненади Партизан

фото: Buducnost VOLi/Filip Roganovic

Кошаркарите на Црвена звезда, едни од главните фаворити за титулата во АБА лигата, го претрпеа третиот пораз сезонава овојпат од Будуќност во дербито на колото со високи 84:63.

Најзаслужен за победата на црногорската екипа беше Американецот Ферел со 18 поени. На спротивната страна за српскиот тим доминираше Митровиќ со 16 поени.

Уште еден од кандидате за трофејот, Партизан вкуси нов пораз во натпреварувањето откако беше совладан Сплит со 74:67.

Кај Хрватите блескаше американското дуо Шортер и Саливен кои заедно постигнаа 33 поени.

Уште еден Американец се истакна на паркетот, но на спротивната страна Нунали запиша 10 поени.

На првото место е Црвена звезда со 35 бодови, два повеќе од второпласираниот Будуќност, на третата позиција е Партизан со 32, додека Сплит е на седмата позиција со 28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот