Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена
Оливера Шакиќ, позната под уметничкото име Оливера Катарина, една од најзначајните и најхаризматичните уметници од просторите на поранешна Југославија, почина на 87-годишна возраст, потврди нејзиното семејство. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени, пишува српски „Телеграф“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во текот на својата шестдецениска кариера, таа остави неизбришлив траг како актерка, пејачка и писателка. Светската и домашната слава ја стекна со улогата во култниот филм „Собирачи на пердуви“ (Skupljači perja) на режисерот Александар Петровиќ, кој беше номиниран за Оскар и награден на престижниот филмски фестивал во Кан.

Забележителни улоги оствари и во остварувањата „Сон“, „Утро“, „Велосипедисти“, како и во бројни телевизиски драми и театарски претстави. За својата актерска изведба ја доби и престижната награда „Златна арена“ на фестивалот во Пула.
Покрај нејзината актерска кариера, Оливера Катарина беше препознатлива и по својот единствен пејачки израз, изведувајќи шансони и староградски песни во најгледаните концертни сали ширум светот, меѓу кои и познатата париска „Олимпија“, каде што оствари огромен успех.

Нејзиниот талент се потврди и во литературата преку автобиографската книга „Јас, Оливера“, во која го опиша својот животен и уметнички пат. Таа ќе остане запаметена како уметница со единствена енергија и автентична магија на сцената.


