Спикерот Гаши во Софија на билатерална средба со бугарската колешка Доцова: Одам со позитивна мисла
Претседателот на Собранието, Африм Гаши утре ќе отпатува за Софија каде ќе учествува на состанок на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, информираше спикерот на денешниот брифинг со новинарите.
Препорачано
Како што додаде тој, Гаши ќе има и билатерална средба со бугарската колешка, Михаела Доцова која ќе се одржи на нејзино барање.
— Добивме покана од нив за билатерална средба на која ќе разговараме за соработка на парламентарно ниво. Досега, имајќи ја предвид политичката ситуација во Бугарија, не сме имале никаква соработка и комуникација, сега се трдуиме да воспоставиме – изјави Гаши.
Тој не очекува на средбата Доцова да ги повтори барањата на бугарската претседателка Илијана Јотова упатени до македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
— Одам со позитивна мисла и со добро познатите позиции на државата, а тоа е дека треба да разговараме и заеднички да соработуваме на евроинтегративниот пат. Да одиме напред, да не спојува иднината, а не минатото — рече Гаши.
Имено, Сиљановска-Давкова и Јотова се сретнаа пред десетина дена на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј домаќин беше бугарската претседателка.
Како што информираа од кабинетот на Сиљановска-Давкова, шефицата на бугарската држава рекла дека Македонија мора да го исполни „Францускиот предлог“ од 2022 година, кој самата го потпиша, а кој, како што навела Јотова, „станал паневропски став за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ“.
Таа нагласила дека тоа се европски критериуми за членство, а не бугарски барања, па за да започне преговори, Македонија мора да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во својот Устав.
Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје на средба со Мицкоски


