Деветмесечно бебе почина од изгореници од врела вода – Слободен печат
ВестиРегион

Деветмесечно бебе почина од изгореници од врела вода

Девојчето по име Деа, неколку дена беше во кома, додека се бараше помош за нејзино лекување.

Деветмесечно бебе од Дренас, Косово, кое пред неколку дена беше хоспитализирано со изгореници од трет степен, денеска им подлегна на раните.

Веста беше објавена од страна на членовите на семејството на бебето.

Деветмесечното девојче по име Деа, неколку дена беше во кома, додека се бараше помош за нејзино лекување.

Таткото на бебето, пред неколку дена, изјави дека неговата ќерка во несреќен случај била изгорена со врела вода, пренесува Експрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close